ВЕСТИЗДРАВСТВО

Минатата недела регистрирани десетици реинфекции со Ковид

Министерството за здравство информираше дека во периодот од 20-26.12.2021 во земјава тестирани се вкупно 24.694 материјали за присуство на SARS-CoV-2, при што е регистрирано зголемување од 23,8% во однос на претходната седмица.
Регистрирани сe 1.922 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, за еден позитивен случај повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје .
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 43 реинфекции, со зголемување од 19,4% во однос на претходната недела.
Пријавени се 42 смртни случаи во 16 градови во текот на изминатата недела, за 48,8% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (11). Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (3), 40-49 години (3) и 20-29 години (1).
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button