ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Мини матура“ одбележана со запознавање на традицијата и културата на земјите во светот

„Мини матура“ одбележана со запознавање на традицијата и културата на земјите во светотд

Децата од градинките го завршија првиот дел од предучилишното образование за да продолжат како основци. Нивната прослава позната како „мини матура“ овојпат беше одбележана со запознавање на традицијата и културата на земјите во светот преку песна и игра.

„Јас сум Поема, облечена сум како Мексиканка. Пријателката на мајка ми го соши фустанот. Ми се допаѓа како се врти“.

„Јас сум мини-матурант, облечен сум како Индијанец. Ќе танцуваме со нашите другари и другарки како индијанци“.

„Игравме босанско оро, со другарките. Сега ќе бидам прво одделение бидејќи завршив градинка“.

„Едвај чекам да одам прво одделение, со другарите и другарките. Ќе ми недостасуваат другарките од градинка“.

„Запишан сум во прво одделение, тажна сум поради другарките од градинка“.

„Денес завршивме градинка и одиме во прво одделение. Ќе ни недостасуваат другарите и другарките од градинка“.

„Танцувавме со другарките и другарите затоа што завршивме градинка. Сега одам во прво одделение. Ќе научам многу песни, ќе имам само петки“.

 

„Децата се нашата иднина, ако инвестираме во децата сме инвестирале во нашите животи, во нашите семејства и во иднината на сите нас“, изјави Гзиме Бакиу, директорка на градинката „Фидани“.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button