ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Минималецот во март околу 20 500 денари, ќе се зголеми и платата на административците, најави Бектеши

Минималната плата во приватниот и јавниот сектор идниот месец најверојатно ќе биде 20 500 денари и тие средства се предвидени во сите институции со Буџетот за 2023 година, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Advertisements

Но, како што рече тој, дополнително на тоа, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата се со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација.

„И тие средства веќе се предвидени, има буџет за тоа зголемување“, рече Бектеши.

Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

„Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка“, истакна Бектеши на денешната прес-конференција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button