ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерката за образование Царовска инсистира дека во училиштата има услови за имплементација на новиот концепт

Министерката за образование и наука, Мила Царовска не се откажува од својата позиција дека училиштата треба да работат според новиот наставен концепт, особено прво и четврто одделение. Во емисијата “360 степени“ во Алсат, Царовска повторно рече дека на училиштата навреме им се доставени потребниот број книги и дигитални наставни помагала, освен во одредени случаи.

За разлика од Царовска, државниот советник на омбудсманот, Васка Бајрамовска-Мустафа, претстави друга слика за условите во образованието. Таа рече дека до Народниот правобранител веќе се пристигнати десетици проверени претставки за неизведување на наставниот процес според новите реформи. Исто така, постојат бројни поплаки за фотокопирање на дигиталните книги и непочитување на здравствените протоколи за учење.

Ова недела, народниот правобранител претстави бројни поплаки поднесени од родители за нецелосно спроведување на наставни протоколи, преполни училници и тоалети без хигиенски средства за дезинфекција.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button