ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Министерот Сали дојде на протестот на Матичните лекари
Ова се случи на протестот кој денеска го одржаа пред Министерството за здравство.
Се приклучи и министерот Сали кој ги слушаше лекарите што кажуваат што треба да кажат и прашањата што треба да ги постават.
Да потсетиме, претходно на прес-конференција Сали протестот на лекарите го оцени за легитимен, но не и навремен. Запрашан дали министерството ќе ги исполни нивните барања, Сали рече:
„Сите претставници на здруженијата знаат дека се работи на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Мислам дека денес е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протест. Денеска ќе ми бидат гости и со задоволство ќе ги видам како група на протест“, изјави Сали.