ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерот Шаќири очекува учебниците да бидат готови во октомври и ноември

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува во текот на овој и наредниот месец да завршат сите процеси во националната Комисија за сите учебници за основно и средно образование.

Според него, проблемот со учебниците е од порано и не е само во оваа учебна година.

„Проблемот со учебниците не е само од оваа учебна година. Ние во претходната учебна година почнавме со нов концепт за основно образование и со нови учебни програми. Тој концепт минатата година беше само за прво и четврто одделение. Во прво одделение имавме материјали кои претходната година ги изработи Бирото за развој на образование, а за четврто одделение имавме печатени и дигитални материјали. Кога почнав да ја вршам функцијата министер, граѓаните бараа печатените учебници да се вратат во процесот. Јас ја поддржав дигитализацијата, но, исто така, реков дека ќе ги вратиме и печатените учебници, а за да тоа се случи потребно беше да се формира национална Комисија која треба да го има пред вид Законот за учебници“, рече Шаќири.

Тој додава дека Комисијата веќе има одобрени учебници, и се завршува со процесот на жалби за економски оператор, а по затворање на овој процес и одобрување на учебници, очекува во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници да завршат во националната Комисија, но и во процесот на печатење. Според него проблемот за учебници не е само за основното, туку и во средното образование.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button