ВЕСТИРЕГИОН

Министерот за внатрешни работи на Косово: Извадивме 30 вооружени Срби од манастирот, егзекутиравме 3 и уапсивме 6 криминалци

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла пред новинарите зборуваше за состојбата на северот на Косово.

Свечла рече дека се убиени 3 српски криминалци, 6 се уапсени, а 2 од нив се повредени.

Во меѓувреме, Свечла рече дека 30-те Срби заробени во манастирот се извадени, а вели дека биле екстремно вооружени.

„Изразувам искрено и најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Африм и граѓаните на Косово. После тоа, одговорот на косовската полиција беше непосреден и професионален, за кратко време ја ставија под контрола целата територија. Во овој случај имаме 6 уапсени, 2 од нив повредени.

„Косовската полиција откри извонредно количество тешко оружје, експлозиви, униформи, логистика, храна, опрема за барикади. Можеме да кажеме дека тие биле опрема за неколку стотици други напаѓачи. Подготовките беа масовно да се нападнат косовската полиција, институциите на Косово и да се наруши суверенитетот на земјата. Не успеаја благодарение на пожртвуваноста и професионалноста на Косово.  Ова е терористичка група“, рече Свечла.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button