ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии молчи за барањето на АЛСАТ и на компанијата „ВЕВЕ Груп“

Министерството за финансии молчи за барањето на телевизија Алсат и на компанијата „ВЕВЕ Груп“ за изворот на хипотеката ставена во имотниот лист од 2013 година на дел од имотот на телевизијата. Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска не одговори на прашањата на Алсат на што се заснова барањето за извршување, како дошло до тоа да не се упише хипотеката од 1993 година и зошто тоа не се случило порано кога судската одлука за хипотека на компанијата „Еуро Продукт Скопје“ датира од пред четврт век. Во меѓувреме, од Агенцијата за катастар ги обвинуваат правосудните органи дека не ја запишале навреме хипотеката. Од Катастарот денеска потврдија дека од 2009 до 2012 година со официјално барање хипотеките биле ставени или не, но без да ги наведат причините зошто ваквата хипотека не била претходно запишана.

„Случајот на организациската единица со број 1125/2424 од 2009 година е со рок на чување 3 години. Случајот потоа се укинува (тој е неважечки). Судските хипотеки Агенцијата за катастар ги ставаше во имотните листови по службена должност во текот на 2011, 2012 и 2013 година“, наведуваат од Агенцијата за катастар.

Катастар и Министерството за финансии се индиферентни и пред доказите обезбедени со купопродажната постапка во која судот и катастарот потврдиле дека нема хипотека на имотот што е предмет на купопродажба.

Пред законските измени, евиденцијата за хипотека ги водел судот. Со измени во одредбите од Законот за извршување, таквите евиденции сега ги води Катастарот. Кога оваа институција ги презеде законските надлежности за управување со јавните книги за хипотеки, во 2013 година во книгата број 4 стр. 144 присуството на хипотеката е евидентирано со рачен запис. Но, останува нејасно како во текот на купопродажната постапката и користењето на кредити од страна на компанијата „ВЕВЕ Груп“ на сметка на овој имот, судот не утврдил таква хипотека, па издал официјална потврда дека нема хипотека на имотот.

Министерството за финансии покрена постапка за отплата на хипотеката, без да го спомене правното лице кое ја покренало, ангажирајќи го државниот правобранител да постапи за исплата на државниот долг со ставање на дел од имотот на јавна продажба. Иако оваа одлука беше укината од Граѓанскиот суд во 2016 година и повторно во 2022 година, на 28 април годинава Апелациониот суд одлучи да ја укине времената мерка за јавна продажба, одлука за која постои сомневање дека е донесена под политички притисок.
Во оваа ситуација останува нејасно како државниот правобранител постапил по барањето, фаворизирајќи една страна, во овој случај Министерството за финансии, а истовремено не ги земал во предвид судските и катастарските уверенија за немање хипотека и пред сè измаменото правно лице, во случајов компанијата „ВЕВЕ ГРУП“.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button