ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии молчи за Законот за игри на среќа

И денеска продолжува игнорантскиот однос на Властите кон телевизија Алсат. Министерството за финансии не сака да одговори како ќе постапи по однос на измените на Законот за игри на среќа. Ова министерство е предлагач на измените на законот, а во собранието, планот е измените да се по брза постапка.

И денеска молк од Министерството за финансии во однос на прашањата на Алсат за предлог Законот за игри на среќа по реакциите на шефот на државата Пендаровски и неговиот колега од Австрија, да се повлече законот и да се изработи ново законско решение во исто време да не се злоупотребува европското знаменце. Засега нема информации дали предлог законот ќе биде повлечен бидејќи и Арбер Адеми кој што е претседател на комисијата за европски прашања не одговара на повиците на Алсат.

Предлог измените на Законот на игрите на среќа во собранието беа доставени пред нешто повеќе од еден месец. Во измените освен што се бара објектите на обложувалниците да бидат дислоцирани најмалку 500 метри од образовни институции, за компаниите од овој бизнис предвидени се поголеми давачки кон државата. Претседателот Пендаровски пред два дена побара предлог законот да биде повлечен, да се изработи нов закон но претходно да се одржат јавни дебати, се со цел правилата да одговараат на сите засегнати страни. Но, според информациите на Алсат, со измените се отворало пат и за влез на компанија од овој бизнис од Србија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button