ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за правда не ги коментира изјавите на Агелер за корупцијата

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, не одговара на прашањата на Алсат дали истрагата за лица осомничени за корупција од страна на тим од Вашингтон значи дека правосудниот систем во земјава крахирал и дали чувствува одговорност за ова.

„Министерството за правда не ги коментира изјавите на американскиот амбасадор во Северна Македонија“, наведуваат од Министерството за правда.

Амбасадорката Агелер пак, продолжи со коментари. Таа додаде дека корупцијата ѝ донела вистинска катастрофа што довело до секојдневно заминување на младите во странство. Според неа, од посетите низ различни региони во земјава, видела како граѓаните се соочуваат со корупција кога одат на лекар, кога го запишуваат своето дете на училиште или кога бараат работа.

„Луѓето овде зборуваат за корупција секогаш кога треба да одат на лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога нивното дете се запишува во училиште и во реалноста, корупцијата донесе вистинска катастрофа во оваа земја и многу млади луѓе не сакаат да останат. Многу млади Македонци, од сите заедници, ја бараат првата можност што ќе им се пружи, да ја продолжат својата работа или живот во друга земја“, рече Агелер.

Агелер рече дека и покрај потрошените милиони долари од американските даночни обврзници за инвестиции во судството во С Македонија, резултатите се речиси невидливи. Таа го спомена и процесот за избор на Ислам Абази како нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Од друга страна, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека е многу среќен што доаѓа ваков американски тим што ќе ја истражува корупцијата, зашто дури и се исплашил дека Американците и воопшто нема да дојдат.

„Веднаш откако во јуни го почнавме стратешкиот дијалог со САД, САД првично помогнаа финансиски, дадоа 4 милиони евра само за владеење на правото, а сега продолжуваат со дополнителни механизми преку поддршка од експерти, користејќи сопствени механизми, санкционирање, објавување на имиња и така натаму. Сето ова е дел од она што го баравме кога имавме дилеми дали ќе почнат преговорите или не. Се плашев дека ќе останеме без таков мониторинг“, рече Османи.

Алсат неофицијално дознава дека во наредните денови се очекува на американската црна листа да се најдат нови имиња на политичари инволвирани во коруптивни афери. Состојбата во судството и големото присуство на корупција беа критикувани и од европскиот амбасадор Дејвид Гир и германската амбасадорка Анке Холштајн. Истражувањата покажуваат дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button