ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за социјална политика, демографија и млади изврши увид во градинката „Пролет“ во Врапчиште

Министерството за социјална политика, демографија и млади изврши увид во градинката „Пролет“ во Врапчиште

Министерството за социјална политика, демографија и млади изврши увид во градинката „Пролет“ во Врапчиште, при што е констатирано дека градоначалникот го користел службениот автомобил на градинката, иако му биле одземени овластувањата за оваа градинка.

Според Министерството, автомобилот, иако е во сопственост на општината, во јуни 2021 година ѝ бил даден на предучилишната установа на неопределено време. Со ова возило се делела храна за 40 деца згрижени во објектот во селото Добридол, информираат од Министерството за социјална политика. Но, градоначалникот на општината Исен Шабани ги негира обвинувањата. За да биде иронијата поголема денеска од страна и по налог на општината, исклучено е греењето и струјата во матичниот објект на градинката во с.Врапчиште кој е составен дел на училиштето, на температура од – 5 C степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button