ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за внатрешни работи сè уште не го разгледал Нацрт законот за државјанство предложен од опозицијата од редовите на Албанците

Една недела по поднесувањето на текстот, Министерството за внатрешни работи сè уште не го разгледало Нацрт законот за државјанство предложен од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Министерството за внатрешни работи доцнењето го оправдува со празниците и велат дека по разгледување на текстот од експертите, тој ќе биде доставен до Владата. Непознати за јавноста се разликите. што според премиерот Зоран Заев. во текстот на Законот не соодветствуваат со усмениот договор од последната средба Заев – Села – Гаши. Извори од двете преговарачки групи појаснуваат дека разликите во техничките или содржински прашања не можат да го вратат процесот назад. Според нив, на последната средба не е решено сè, затоа има прашања што ќе бидат разгледани од експерти на различни нивоа за да се излезе со конечен став за евентуален консензус. За разлика од сегашниот Закон за државјанство, предлогот на опозицијата од редовите на Албанците вклучува признавање на албанскиот јазик како основа за стекнување статус на државјанин. Според нив, ова се заснова на Законот за употреба на јазиците и Уставот на земјата, кој гарантира дека покрај македонскиот, друг службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението. Оваа одредба се однесува на лица кои се стекнуваат со државјанство по основ на тоа дека се родени во Македонија. Одредбите за натурализација предвидуваат олеснување на постапките и за апатридни лица, но и за лицата кои сакаат да бидат граѓани преку брак или редовна дозвола за престој.

По изјавата на премиерот дека текстот на Законот не е во согласност со усмениот договор, опозициската коалиција Аалијанса и Алтернатива изразија подготвеност за дополнителни преговори пред и за време на фазата на амандмани се додека Законот не биде доставен во собраниска процедура.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button