ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за земјоделство не ги послуша екологистите – Охридското Езеро ќе оди под концесија за стопански риболов

И покрај противењето на екологистите и риболовните здруженија, вчера по пат на јавно надавање Охридското езеро беше додеелно под концесија за стопански риболов во период од шест години. Алсат дознава дека победник кој понудил 400. 000 евра, е фирмата Еко-свет од Струга.Од министеството за земјоделие не отркиваат ништо за сега.

„Постапката за доделување концесија на риби за вршење стопански риболов и организирање рекреативен риболов на Охридското Езеро е во тек. Обврските по однос на порибувањето, количини и улов на риба на идниот концесионер ќе бидат утврдени во договорот за концесијата по изборот на концесионер“, рекоа од Министерството за земјоделство.

Спортските рибловци велат дека се покажало, дека сите досегашни концесионери, наместо да се грижат за заштита на езерото, се грижат како да дојдат до што поголем профит.

„Се работи за начин на стопанисување кој нанесува штета на езерото, а воопшто и на буџетот, бидејки се докажа и минатиот пат кога беше одземена концесијата за стопански риболов, дека законските одредби не се доволни да го штитат езерото и да се создаде заштита од крадењето кое го прават стопанските риболовци. Со тоа се доведува до намалување на рибниот фонд, и така знаете дека состојбата со Охридската пстрмка е алармантна“, рече Димче Мајкоски, Спортско риболовен клуб „Свети Апостол Петар“.

„Незнам колку пастрмки треба да улови концесионерот за да ги покрие тие 400.000 евра, кога рибниот фонд е рапидно намален. Ќе биде рибоцид. Според наши сознанија популацијата на пастрмка и белвица не е вратена ниту на просечно ниво. За да се врати во нормала, потребни се повеќе од 20 години, а неколку години не е извршено ниту порибување, односно вештачки мрест“, рече Радован Димтриески-спортски риболовец.

На Охридското езеро нема концесионер од јануари 2020 година, кога на фримата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја прекина концесијата, зашто не водела точна евиденција за уловената риба.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button