ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министри без ресор повторно ќе ги јадат парите на граѓаните

Во следниот владин состав се враќа министерското место без ресор посветено на дијаспората, покрај тројцата вицепремиери кои официјално се и министри без ресор, функции кои постојат и во владата во заминување. Мандатарот за формирање Влада предложи вкупно четворица министри без ресор.

Министри без ресор
Фатмир Битиќи- Вицепремиер за економски прашања
– Славица Грковска – министер без ресор – вицепремиер за борба против корупција.
– Бојан Маричиќ – министер без ресор – вицепремиер за евроинтеграции
– Џемаил Чупи – министер без ресор – задолжен на дијаспората 

Димитар Ковачевски, мандатар

Но, актуелната власт во минатото ја критикуваше минатата за позициите на министри без ресор, сметајќи ги за непотребни и за дополнително финансиско оптоварување. Но, при доаѓањето на власт во 2017 година, Заев вработи 7 министри без ресор. Тројца од нив беа за странски инвестиции, еден за транспарентност, еден за дијаспората, еден за подобрување на состојбата на Ромите и еден за инвестиции на домашни компании. Во владата формирана по изборите во 2020 година, Заев рече дека министрите без ресор конечно ќе бидат укинати. Според аналитичарот Благојче Атанасовски, позицијата министер без ресор е измислена за да се задоволат најмалите партнери во власта, пред сè од помалите етнички заедници.

Еден министер во просек зема од 65 илјади до 71 илјада денари месечна плата. Министрите без ресор имаат канцеларија во Влада и неколку лица кои работат во нивниот кабинет, но ги уживаат сите придобивки од власта.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button