ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министри и членови на ЦO на СДСМ го бранат Заев од Црвенковски

Министри и членови на Централниот одбор на СДСМ во поддршка на Зоран Заев. Партијата е обединета, а Владата е стабилна, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Тој истакна дека ставовите на Заев биле синхронизирани со партијата и владата.

Оливер Спасовски не ги коментираше ставовите на поранешниот лидер на СДСМ Црвенковски. Тој рече дека Владата и Заев прават сè за земјата да продолжи по европскиот пат, додавајќи дека историските факти се непроменливи.

Со помеки тонови од вчера градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска објасни дека реакциите на членовите на партијата се различни мислења, потенцирајќи дека СДСМ е демократска партија. Како член на Централниот одбор, кој инаку брои над 100 членови, тој го дели мислењето дека евроинтеграциите на земјата не треба да бидат условувани со изобличување на историските факти.

По реакцијата на поранешниот лидер на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, во одбрана на Заев застанаа и министрите Венко Филипче и Радмила Шекеринска.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button