ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Министрите за здравство на Г7 ќе расправаат за можните нови пандемии

Во рамките на германското претседателство на Г7 денеска во Берлин ќе се одржи состанок на министрите за здравство на седумте најразвиени земји во светот. Министрите за здравство треба да разговараат за актуелните прашања и предизвици во областа на здравствената политика. Тука пред сѐ станува збор за заедничката работа за надминување на пандемијата на коронавирусот, како и за зајакнување на капацитетите за одговор на новите пандемии.

Министрите ќе се осврнат и врз борба против отпорноста на антибиотици, и за здравствени ризици поради климатските промени. Ќе се разговара, како што е најавено, и за подобрување на меѓународното управување со кризи и координативната улога на Светската здравствена организација (СЗО).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button