ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Мис-гардистката на руската армија отпуштена од војска

Победничката на натпреварот за Мис на националната гарда на Русија, Ања Крамцова (32) е отпуштена од армијата поради, како што вели, нејзината убавина. Згодната припадничка на руската гарда е протерана  со официјално образложение дека ги прекршила прописите објавувајќи фотографии и записи од касарната. Сепак, таа е убедена дека е жртва на заговор од страна на нејзините колешки, кои ѝ биле љубоморни на освоената титула.

– Видеото за кое ме отпуштија е потполно безопасно и сигурно не може да биде вистинската причина за моето отпуштање. Јас ја снимав зградата на администрацијата во касарната во времето кога се правеше дезинфекција на просториите поради коронавирусот. Не открив воени тајни или нешто слично, тоа видео го видоа само мал број луѓе во мојот роден Екатеринбург. Вистинската причина за моето отпуштање беше љубомората и зависта што ги покажаа моите колешки во касарната – изјавила Ања.

Имено, во 2019 година, Крамцова победи во натпреварот за Мис на националната гарда на Русија, вооружена формација под директна команда на претседателот Владимир Путин, во жестока конкуренција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button