ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Митева: Наместо за учебници, власта потрошила пари за скрипти

Сведоци сме на молк од МОН за потрошените половина милион евра за печатените привремени учебници. Молк за огромниот скандал преку кој власта повторно наоѓа простор и начин како да спроведува експерименти кои скапо нѐ чинат. Молчат и не одговорија на прашањата за кои јавноста чека одговори, обвини денеска Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за образование и наука, додаде Митева, наместо да обезбеди учебници за учениците согласно законските обврски, спроведува договор за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за еднократна употреба во основното образование во вредност од половина милион евра.

„Овие материјали се со важност од само 3 месеци, за првото тромесечие од учебната година, и тоа само за прво, второ, четврто и петто одделение. Тоа се скрипти за само 80 000 ученици. Дополнително, примената на овие привремени учебници во понатамошниот образовен процес се уште не е утврдена, најверојатно истите нема воопшто да се користат, или можеби ќе ги користат за адекватна замена онаму каде што ќе недостасуваат учебници бидејќи видовме, тоа годиниве стана пракса. Половина милион евра потрошени за една употреба“, рече Митева.

Да биде состојбата уште по сомнителна, додаде таа, говори и фактот што овие скрипти се збир од материјали, кои власта успеала ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите.

„Станува збор за само една скрипта- учебник од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. Дополнително, содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење“, додаде Митева.

Министерството за образование и наука е должно да одговори – кој ги одобрил овие материјали, зошто се плаќа за дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници знаејќи дека оваа скрипта е збир на учебен материјал од минатата година и најважно кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа, нагласи Митева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button