МАКЕДОНИЈА

Митрев: Секојдневна дискриминацијата на луѓето што се декларираат како македонски Бугари

Дискриминацијата на луѓето коишто се декларираат како македонски Бугари во земјава е секојдневна, вели Добре Митрев, претседател на Здружението македонско-бугарско пријателство. Како што вели тој во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, неговите познаници и пријатели немаат проблем во комуникацијата со него, сѐ додека не дознаат дека е Бугарин од Македонија.

„Дискриминацијата на луѓето коишто се декларираат како македонски Бугари во земјава е секојдневна. Од аспект на луѓе што мене ме познаваат повеќе од 20, 30 години, Како Добре Митрев, немаат никаков проблем во комуникацијата со мене, сѐ додека не сум Добре Митрев, Бугарин од Македонија“, вели Митрев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button