ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицевски: Бугарските европратеници бараат бришење на македонскиот јазик

„Иако декларативно и постојано нѐ убедуваат дека македонскиот јазик е „заштитен“, конечно гледаме дека тоа не е вистина“, пишува на својот фејсбук профил координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во постот меѓу другото се додава,

„Очигледно, само Владата на Република Македонија не ја гледа или не сака да ја види бугарската негаторска и асимилаторска политика кон Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик. Имено, последниот доказ за тоа е заедничкиот став на бугарските европратеници. Без разлика од која политичка опција доаѓаат, тие бараат БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Ова повеќе не се само желби искажани напразно, ова е веќе официјална политика на Бугарија кон Македонија, која што во текот на вчерашниот ден, уште еднаш се потврди преку амандмани на Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур, поднесени од страна на бугарските европратеници каде побараа бришење на македонскиот јазик…Оттука, повторно сакам да упатам силна порака дека уставни измени нема да има се додека не се укине и измени уценувачкиот и асимилаторскиот Договор за добрососедство, кој што за волја на вистината е извор на сите неправди, уцени, негации и омаловажувања на македонскиот народ“, пишува Мицевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button