МАКЕДОНИЈА

Мицевски: Заев ги тестираше коалицијата и мнозинството бидејќи нема доверба во нив

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Зоран Заев со гласањето доверба на Владата вчера купил привиден мир и се обидел да го оттргне народот од вистинските проблеми, но и од фактот дека коалицијата полека, но сигурно нема доверба во Владата.  

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски денеска на прес-конференција рече дека Заев исплашен од ВМРО-ДПМНЕ побрза да предложи точка на дневен ред– гласање на доверба на Влада и тоа по итна постапка на самата седница, со цел да не може да се дискутира во Собранието за лошите и катастрофалните политики на власта.

Заев само покажа дека нема доверба во своето мнозинството и својата коалиција и затоа мораше да ги тестира. Со овој очајнички и паничен потег, Заев мисли дека си купил 90 дена мир, но очигледно не го знае членот 92 став 5 од Уставот на Република Македонија, каде многу јасно и децидно вели, цитирам: „Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постават мнозинството од вкупниот број пратеници“, рече Мицевски.  

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button