ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако тројцата министри од ЕУ следната недела доаѓаат за уставни измени, нашата порака е иста

Следната недела најавени се тројца министри за Европа, на Германија, Франција и Полска. Повторно ќе кажам, доколку доаѓаат за уставните измени, нашата порака е иста, нашите аргументи се исти од таа страна не слушам нова поента и ако доаѓаат за тоа, навистина ќе бидам и загрижен бидејќи овој народ овде, последна работа што им паѓа на памет се уставните измени, изјави Мицкоски.

Advertisements

-Вчера разговарав со тројцата министри за надворешни работи од Австрија, Чешка и Словачка, имавме аргументирана дебата во Парламентот, ги кажавме нашите ставови, тие ставови се исти, непроменети, и ако некој ја изолира Македонија, тоа се криминалците од власта поради нивото на криминал и неспособност да спроведат реформи. Промената на Уставот не е критериум за изолирање на Македонија, а од друга страна од истите тројца добив уверување дека во ниту еден момент не го кажале зборот изолирање, туку рекле ќе има задоцнување во процесот, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button