
Предлог-буџетот за следната година наскоро ќе се најде пред пратениците во Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека за следната година очекува економски раст од 3,7 отсто.
Премиерот вети зголемување на платите во многу сектори наредната година.
Вицепремиерот Изет Меџити рече дека фокусот е ставен на децентрализацијата на општините, поточно повеќе средства за развој на општините. Тој спомена и други проекти
„Во овој буџет ќе има околу 250 милиони евра за инфраструктурни проекти за сите општини, каде свој удел ќе добијат и албанските општини. Акцент е ставен и на образованието затоа што тоа е еден од нашите приоритети, не само со инвестицијата во Мајка Тереза, туку работиме и во други насоки да го зголемиме квалитетот и капацитетите и на другите универзитети. Покрај Коридорот 8, акцент е ставен и на патот Скопје-Блаце, како и на проектирањето на тунелот или на патот Тетово-Призрен…“, рече Меџити.
Владата даде зелено светло за буџетот за следната година. Приходите се очекува да бидат за 13 отсто поголеми од годинава, додека расходите за 10 отсто поголеми. Економскиот раст е планиран на ниво од 3,7 отсто, буџетскиот дефицит 4 отсто, а инфлацијата 2,2 отсто.
Фатлуме Дервиши