ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дома да се обезбеди консензус за надвор да имаме посилни позиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека за да има посилни позиции во разговорите со Бугарија, земјава треба најпрво дома да постигне консензус.

Според него, за да се постигне договор со Бугарија, треба да бараме гаранции за македонскиот јазик кој е различен од бугарскиот, како и за македонскиот народ кој има вековна традиција и култура.

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за разговор со власта околу сите клучни прашања.

“И ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик и за македоскиот народ, но бараме гаранција од Брисел, како и од официјална Софија дека до зачленувањето во ЕУ нема на некоја земја да и пречи нашето име. Кога сето ова ќе го видиме на маса, оваа гаранција, тогаш можеме да разговараме за се друго. Во овој момент, таков договор каков што планира да потпише Ковачевски, нема успешно да помине во Парламентот, а бидејќи Петков бара гаранции, барам и јас. Ако има македонски јазик без фуснота и македонски народ со своја култура и историја, ја имаат нашата поддршка. Подготвени сме да разговараме за иднината и за поинтензивна соработка со Бугарија, па дури и за вклучување на Бугарите во Уставот, но прво да видиме гаранции за македонскиот јазик и македонскиот народ”, рече Мицкоски.

На прашањето зошто досега немал средба со Ковачевски откако е премиер, Мицкоски одговори дека вратата е отворена и дека стои на располагање за клучните прашања, за дијалог и за тет-а-тет средба.

-Но, но тој до денес не собра храброст да ме повика на лидерска средба и да поразговараме за овие теми за кои разговара секаде по светот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја коментираше и состојбата во енергетскиот сектор.

“Ако произведуваме како пред седум-осум години, немаше да дојде до ова. Сметките за струја се високи не зашто нема јаглен, туку зашто има многу крадење, недомаќинско работење и неспособност”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button