ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски го поддржува протестот на Левица против отворањето на новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Во Охрид треба да се протестира, но тоа да биде демократски израз на волјата на граѓаните, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако Левица повика на протест поради отворањето на новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ кое е најавено за утре од страна на новооснованото здружение „Цар Борис Трети”.

„Го поддржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин. Битно е да не се оттргне вниманието од кризата и инфлацијата“, изјави Мицкоски.

На голем протест во Охрид вчера повика Левица поради „отворање клуб на бугарскиот Хитлер – Цар Борис Трети”. Партијата преку својот охридски огранок поднесе иницијатива за забрана на ова бугарско здружение кое го носи името на фашистичкиот сорабготник на Хитлер во Втората светска војна, Цар Борис Трети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button