ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Историски средби во САД

Мицкоски: Историски средби во САД

Посетите и средбите во САД беа значајни за државата и граѓаните, а опозицијата со своите критики направи напор да ја дефокусира јавноста од важните работи, рече премиерот Христијан Мицкоски на првиот ден од враќањето во земјава. Тој рече дека резултатите од овие средби во наредниот период ќе бидат видливи, интензивни и огромни. Мицкоски рече дека дел од средбите биле јавни, но имало и средби кои не биле јавно објавени, кои ќе имаат резултати за неколку месеци.

Функционерите од земјава кои патуваа во САД се најдоа во центарот на критиките во врска со трошењето, нивото на состаноците и настаните на кои присуствуваа.

Во меѓувреме додека делегацијата предводена од Мицкоски престојуваше во САД, Бугарија избра нова влада. Премиерот вели дека е заинтересиран за средба со неговиот колега за решавање на ќор-сокакот во процесот на интеграција. Не одрекува дека иницијативата за средба ќе ја презема тој самиот.

Премиерот Мицкоски го повтори ставот даден во САД дека македонското прашање не е решено. Тој е изненаден од реакцијата на Грција по оваа изјава. Ден претходно од официјална Грција порачаа дека македонското прашање е затворено и дека Договорот од Преспа треба да се почитува.
Почитување на меѓународните договори од страна на Скопје побара и Бугарија./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button