МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја повика Левица и други партии да се обединат во опозициски блок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ги покани сите политички партии на обединување во нов блок за Македонија и повика да се здружат во ново парламентарно мнозинство.

-Без разлика дали се леви, десни, центар, либерални или конзервативни, да ни се придружат во овој блок за Македонија и за сите нејзини луѓе. Да формираме едно ново парламентарно мнозинство, да ги засукаме ракавите и заедно со градоначалниците кои се веќе избрани во првиот круг и оние кои ќе бидат  избрани во втор круг, но и останатите кои не се дел од оваа коалиција, да работиме за сите граѓани“, изјави  Мицкоски.

Во однос на соработка со Левица, одговори дека нивната врата е отворена и раката е подадена за таа партија и повика лидерот Димитар Апасиев и гласачите на Левица во вториот круг да ги поддржат кандидатите на опозицијата.

-Малку бев збунет од утринската комуникација на лидерот на Левица преку социјалните медиуми, но, еве, оставам да изберат каква сакаат тие соработка со блокот, дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам на нив тие да одлучат. Еве, нека не биде притисок ова што јас го зборувам, зашто очигледно дека протестните гласови на граѓаните во Македонија се најмалку двапати поголеми од оние гласови кои во овој момент ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Местото на гласачите на Левица е овде, заедно со најголемата коалиација – за Македонја на сите луѓе, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button