МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија

Јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија. Според нашите информации, покрај идентитетските прашања, кои што ги опфаќаат македонската традиција, обичаи, јазик, истоија, има и многу бизнис работи кои се дел од тој договор кој што е на маса, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денеска појасни дека треба час поскоро на јавноста да и се обезбеди текстот на овој план, бидејќи според него, кога Бучкоски и Заев преговараат, тогаш се спрема нова катаклизма, нова катастрофа, економско цунами но истовремено како што посочи и национална катастрофа.

-Јавноста мора да знае каков е тој план на активности со Бугарија. Според нашите информации, покрај идентитетските прашања кои што опфаќаат македонската традиција, обичаи, јазик, историја, има и многу бизнис работи, кои се дел од тој договор, кој што е на маса. Треба да бидеме будни за да во овој период не го искористат овие двајца да го распродадат тоа што е малку останато за државата, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button