ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски кажа кога ќе биде познат кандидатот за градоначалник на Скопје

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но напомена дека тој ќе биде поддржан од коалицијата што ќе ја предводи неговата партија и дека ќе биде иден градоначалник. Ова го кажа во одговор на новинарско прашање во врска со подготовките за претстојните локални избори.
– Не би споменувал имиња, бидејќи тоа е наша внатрепартиска процедура. Но, имаме неколку имиња кои се предмет на анкети и како што кажав во една изјава, во првата половина на јули ќе биде познат кандидатот и идниот градоначалник на Скопје, кој ќе биде поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, рече премиерот Христијан Мицкоски