ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе се сретне со Ковачевски само ако договараат избори

За лидерската средба меѓу претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да се исполнат одредени услови. Овие услови ги поставува опозициската партија откако идниот премиер најави покана за средба со Мицкоски по формирањето на Владата.

Но, СДСМ одбива да ги прифати овие услови на ВМРО.

„Христијан Мицкоски не ја разбра или не сакаше да ја разбере суштината на поканата за средба. Во екот на економска криза кога светските лидери зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само доколку има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и за финансиска поддршка на граѓаните.“

Ковачевски вчера за Телма изјави дека по гласањето на новата влада ќе го покани Мицкоски на средба. Според него, двајцата веќе имале телефонски разговор по нивниот избор на чело на двете најголеми партии.

Последната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО беше во март минатата година меѓу Заев и Мицкоски.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button