Мицкоски: Многу проблеми се надминати, но тоа е само почеток
Под слоганот „100% посветени! За тебе“, премиерот Христијан Мицкоски од медија центарот во Владата денеска даде отчет за досегашната работа на Владата.
Зголемувањето на пензиите, проширувањето на позитивната листа на лекови, странски инвестиции и ветување за нови вработувања се дел од поентите кои Мицкоски денеска ги изнесе пред македонските граѓани.
Како успеси на Владата во првите 100 дена од мандатот, Мицкоски ги наведе и надминување на проблемите со учебниците, субвенциите за земјоделците, зголемена наплата на Царинската управа, надминување на проблемот со издавање на личните документи и патните исправи..
„20 милиони евра за студентските домови, отпочната процедура за нов мобилен оператор…индустриското производство после неколкумесечен пад конечно почна да расте…“, рече Мицкоски.