ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски нареди, пратениците од утре го блокираат Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доби задача од партијата од утре да го блокира Собранието, откако мнозинството одби лидерска средба за предвремени парламентарни избори. Од партијата на Христијан Мицкоски, велат дека од утре ќе ги блокираат сите, како што велат, штетни закони што ги предлага Владата.

Блокадата којашто беше најавена пред неколку дена, не го изненади мнозинството. Според нив, опозицијата и досега ги блокирала процедурите.

Од СДСМ велат дека имаат план за надминување на блокадата, но не кажуваат како.

Една од опциите што ги нуди Правилникот, а со кои опозицијата би била немоќна да ги блокира законите е тие да бидат поднесувани со знамето на Европската Унија, што се користи за закони важни за евроинтеграцијата.

На блокадата ќе ѝ се приклучат и двајца пратеници на БЕСА, но не и Алијансата за Албанците, од каде соопштија дека нема да бидат дел од овој процес. Ковачевски не прифати лидерска средба со образложение дека не прифаќа избори под уцена во време на светска криза. Мицкоски возврати дека токму Владата ја довела земјава во неколку кризи и оти таа не може сега да нуди излез од нив. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button