ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, се обидуваат да ме сменат четири и пол години

Мицкоски: Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции, се обидуваат да ме сменат четири и пол години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека од неговиот избор за прв човек на опозициската партија се бара негово менување, а партијата станува се појака и пообединета.

Мицкоски, не сакаше да го коментира денешното барање на Оливер Андонов и други членови на партијата, за негова смена.

– Кого? Не можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ има фракции. Инаку, мене такви луѓе четири и пол години ме менуваат, а ВМРО-ДПМНЕ е се појако, пообединето, посплотено. Така ќе биде и на следните предвремени парламентарни избори со рекордна победа, со мнозинство во Парламентот. За него немам што да го губам вашето време да го коментирам, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за барањето за негово менување од Андонов и Фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button