МАКЕДОНИЈА

Мицкоски не употребува ниту – „С“ од северна, замислете што ќе биде од државата, вели Заев

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев рече дека парламентарното мнозинство не може да се намали, туку само да се зголемува. Запрашан за коментар по вчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера кажа дека се работи на ново парламентарно мнозинство, коешто ќе изгласа предвремени избори, меѓу другото рече:

„Мојот политички опонент, Мицкоски, – „С“ од Северна не употребува. Може ли да замислите што ќе биде од државата? Зошто да одиме на парламентарни избори, зарем не е потребно да дадеме конечно еден мандат од 4 години власта да покаже што може, но и граѓаните да почувствуваат економски бенефити“, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button