ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема промена на Уставот, додека сум претседател на партијата

Мицкоски: Нема промена на Уставот, додека сум претседател на партијата

Бугаризација на рати, капитулација и дипломатски нокаут – вака претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски го оцени последниот француски предлог од протестот кој вечерва се одржа во Скопје. Тој го повика премиерот Ковачевски да го одбие предлогот и кажа дека ВМРО ДПМНЕ нема да даде поддршка за менување на Уставот за да се вметнат и Бугарите, а што е услов за одржување на меѓувладината конференција. Тој имаше порака и до Бугарите – ги повика да дојдат во Македонија и да се извинат за злосторствата во минатото.

Мицкоски рече дека тие се борат против предавствата за разлика од коалицијата на СДСМ и на ДУИ. Во својот говор Мицкоски го обвини премиерот Коавачевски дека ги премолчувал навредите уаптени кон Македонија и наместо да одговорел – тој се смеел.

На средба со Ковачевски, Мицкоски рече дека ќе се согласи само ако се разговара за предвремени избори. Ако летово нема договор за предвремени избори најави блокади не само на парламентот, туку и на сите институции и патишта низ државата. Протестот се одржа под слоганот „Премногу е“, а Мицкоски неколкупати во својот говор рече дека на народот му е премногу од корпуцијата, сиромаштијата и омаловажувања. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button