ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, за која Министерството за финансии треба да испрати писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање.
– Очекувам периодот формално да испратат дописи до потенцијалните заемодавачи. Ако се биде како што треба, оваа година очекувам почеток на изградбата на оваа пруга што ќе значи многу во историска и транспортна смисла, изјави Мицкоски денеска од Битола.
Министерството за финансии, како што вчера најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најдоцна до крајот на денешниот ден треба ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на овој проект.