ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Основано сомнение за криминал од 6,5 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри дека  криминалот за којшто се сомничат приведените во денешната акција на полицијата, тежи околу 6,5 милиони евра и оти во него биле инволвирани високи претставници на компанијата и лица коишто управуваат со други правни субјекти.

„Од информациите коишто јас ги имам, од МВР, БЈБ и останатите коишто работат на овој случај, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и  лица коишто управуваат со други правни субјекти коишто се здружиле и за коишто постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на Обвинителството и судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button