ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски повторно ги обвини членовите на историската комисија за предавство

Многу пари се потрошени, а нема потреба од никакви коментари за нивните изјави. Со овој краток одговор Мицкоски им одговори на новинарите во врска со прашањето поврзано за ексчленовите на македонско-бугарската мешовита комисија за образовни и историски прашања. Неговата реакција доаѓа по писмото од поранешните членови на комисијата, испратено до медиумите, каде велат дека работата на комисијата била злоупотребувана за политички и партиски цели. Тие побараа и во новиот состав да се вклучат експерти од странство за да се избгне политичко влијание. Мицкоски вели дека нема ништо против тоа, но вели ќе бара и да се провери каде досега биле трошени парите од страна на оваа комисија.

„Нека се вклучат ОБСЕ ама ќе се вклучат сега малку и инспекциските и истражните органи да видиме каде се трошеа парите. И ќе се вклучат и тие да видиме на што се трошеле парите, колкави се парите на овие коишто направија ништо изминативе години односно го засрамија народот во Македонија и ги продадоа македонските интереси“, рече Мицкоски.

И за лидерот на опозицијата, Венко Филипце, нема ништо лоши во тоа во работата на Комисијата да се вклучат меѓународни експерти.

„И сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти воопшто не е лоша работа. Прво дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијание кои на никј не му носат добро, а друга работа ќе внесат искуства од претходните комисии во коишто работеле во овие земји коишто ги споменавме. Така да, го осудувам политичкото дискредитирање, политизацијата на историската комисија“, рече Филипче.

Во меѓувреме, македонска делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова утре ќе отпатува во работна посета на Бугарија, каде што за првпат се очекува да се сретне со бутарскиот претседател Румен Радев. За Мицкоски, оваа средба е во духот на градењето на добрососедски односи, потенцирајќи дека тоа е цел на оваа влада да гради добри односи со сите соседни земји.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button