ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Секој што работи може и да погреши – се коригиравме слушајќи го гласот на јавноста
Како влада направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод 100 дена од владеењето.
„Секој што работи понекогаш знае и да погреши и тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме…лошо е ако имаме мислење и чувство дека сѐ знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Мислам дека како влада, во изминатиот период направивме по некоја грешка. Ниту една не беше катастрофална, но секогаш, без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено, како што доликува на една народна влада“, рече Мицкоски.