ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски со 10 прашања за Заев и Филипче

Десет прашања до премиерот Зоран Заев и до министерот за здравство Венко Филипче поставува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски; во објава на својот фејсбук профил, а во врска со трагедијата во Тетово.:

-Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

-Дали Министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

-Зошто немало доволно медицински персонал и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

ВМРО-ДПМНЕ бара и политичка одговорност за пожарот, во кој загинаа 14 лица, а најави и дека ќе поднесе предлог до Собранието за разрешување на министерот за здравство, откако Филипче поднесе оставка до премиерот, но таа не е доставена досега до парламентот за да биде констатирана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button