МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со оваа рамка каква што е предложена не се штитат интересите

Со оваа рамка таква каква што е предложена, не се штитат интересите, туку бугаризацијата на општеството станува услов за влез во Унијата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментирајќи го францускиот предлог, кој во себе ги содржи преговарачката рамка за почеток на преговори со Европската унија и документите кои се дел од тој пакет.

На првата средба на работните групи која е договорена за денеска во 13 часот, Мицкоски очекува да надвладее разумот бидејќи, како што вели, ова е шанса сите партии да застанат зад една позиција.

– Еве шанса да застанеме околу единствена позиција за ова круцијално прашање. Иако, гледајќи ги досегашните чекори не сум оптимист дека ќе надвладее разумот, но останува да видиме. Предлогот за работни групи го дадовме со цел нашите забелешки да ги преточиме во конкретни дела во однос на документите и преговарачката рамка, која е предмет на дискусија. Нашите забелешки се однесуваат пред се за исфрлање на сите спорни делови кои предизвикаа контраверза во однос на постојниот предлог, а со кој се прави отворена штета за државните и национални интереси. Измените на текстот се однесуваат на тргање на делот за уставни измени со кој би се обврзала државата, како и отфрлање на можноста за измена на учебници, историски факти како и ризиците кои постојат за негирање на македонскиот јазик, истакна Мицкоски во изјава за Дојче веле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button