ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски спремен да разговара за тргање на фразата „20%“ од Уставот

Мицкоски спремен да разговара за тргање на фразата „20%“ од Уставот

Најголемата македонска опозициска партија е подготвена да зборува за отстранување на фразата „20 проценти“ од Уставот, која де-факто се однесува на Албанците и заедно со другите уставни категории што произлегуваат од Охридскиот договор. Ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го најави во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат, додавајќи дека е време да се гради граѓанска држава, без квоти по етничка основа.

Изјавата на Мицкоски е одговор на изјавите од другите партии деновиве. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека државата донела закони и Устав кој ги подигнал правата на немнозинските заедници на највисок пиедестал. Тој смета дека може да почне расправа за укинување на дефиницијата „20 проценти“ од Уставот.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера изјави дека „20 проценти“ како дефиниција поставена во периодот на постигнувањето на Охридскиот договор бил привремен компромис за да не се загрози целиот процес.

„Направивме компромис и бевме многу уверени дека со текот на времето, ова прашање, кога ќе дојде најдобриот момент, ќе се смени. Има добра волја од сите партии дека во првиот момент кога ќе се отвори Уставот за други измени, за други унапредувања и ова ќе биде регулирано“, изјави Али Ахмети- лидер на ДУИ.

И другите албански партии бараат отстранување на дефиницијата „20 проценти“. Најбрзо кога евентуално би дошло до промени во Уставот е кога би се вметнувале Бугарите, Црногорците и другите во редовите на малцинствата кои живеат во земјата. Охридскиот договор донесе уставни измени според кои службен јазик е и другиот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button