ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Коридорот 8: Потребна е јасна посветност од бугарската страна дека тој е приоритетот

На последната владина седница е усвоен договорот во кој што треба јасно да се прецизира обврската на страните за железничкото поврзување со Бугарија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, порачувајќи дека е потребна јасна посветност од бугарската страна дека Коридорт 8 е приоритетот.

-На последната владина седница е усвоен Договорот во кој што треба јасно да се прецизира обврската на страните во случајот. А тоа е дека македонската страна презема обврска да го изгради делот од Крива паланка до влезот во тунелот. Тунелот да има влез и излез, а не влез и до половина да застане, што ќе биде заеднички проект. Потоа да се изгради делницата од Ѓуешево до приклучокот со националната железница на соседна Бугарија, тоа се два-три километри, а потоа Бугарија да побара средства од ЕУ или не знам како, кредит или било што, со што ќе ја модернизира делницата од таа точка до Софија за да можеме да имаме функционална целина. А, за железничка линија од Куманово до Крива Паланка со втората делница од пругата со Бугарија, ние ќе ја завршиме таа делница, со која што ќе ги поврземе овие два града. Да сумирам – потребен е јасен коминтмент, јасна посветеност, јасно врзување од бугарската страна, дека навистина тоа што го потпишаа во Вашингтон, а тоа е приоритетот Коридорот 8 дека тоа сакаат навистина да го видат, рече Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button