ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Законот за бранителите обид за меѓуетнички тензии

Премиерот Христијан Мицоски изјави дека ги поддржува „бранителите“, но предложениот закон на СДСМ има за цел да предизвика меѓуетнички тензии. Според него, македонската опозиција заедно со албанската се обидуваат да играат на етничката карта, во отсуство на економски понуди и предлози.

Но, од СДСМ, која беше на власт 7 години и во овој период не го покрена прашањето за бранителите, денеска потенцираат дека законот има за цел да им излезе во пресрет на граѓаните. Венко Филипче рече дека неговата партија е подготвена да разговара со сите партии во Собранието за  законот.

Предлог-законот, кој е блокиран во комисијата, наиде на силно противење кај албанските партии, кои нагласуваат дека решение за бранителите  не може да има, а да нема решение и за поранешните војници на ОВК.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button