ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицоски се срами што го познава Талат Џафери

Премиерот,  Димитар Ковачевски вели дека Собранието не е блокирано. Според него, работните тела функционираат и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека во време на економска, енергетска и здравствена криза работи на штета на државните интереси.

Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го вели спротивното. Според него, власта пред јавноста се удира во гради дека Собранието не е блокирано, а од друга страна се жали до дипломатските претставништва за постапките на опозицијата. ВМРО во понеделник ќе одржи состанок на Извршниот комитет на кој ќе одлучува за понатамошните чекори од блокадата.

Во врска со објавувањето на аудио снимката за која се тврди дека првиот човек на Собранието Талат Џафери, жестоко ги навредува вработените во законодавниот дом, Мицкоски рече дека од она што го слушнал се срами што го познава Џафери. Партијата на Мицкоски денеска повторно побара итна оставка од спикерот. /Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button