ВЕСТИРЕГИОН

Мицотакис: Грција предлага 2033 година да биде краен рок за завршување на пристапниот процес на Западен Балкан во ЕУ

Грција ќе препорача да се постави 2033 година како краен рок за завршување на пристапниот процес за Западен Балкан, изјави премиерот Киријакос Мицотакис за новинарите во Брисел, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

„Грција стои на страната на Западен Балкан, како најголема економија во регионот, како земја која ги искористи придобивките од приклучувањето кон европското семејство. Ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во нивниот пат да станат членки на Европската унија“, изјави тој вчера за новинарите.

„Знаеме дека за овие земји процесот е тежок… Сепак, мојот став е дека е многу важно да се понуди конкретна пресвртница за да се заврши овој процес. Мојот предлог до Европскиот совет е оваа пресвртница да биде во 2033 година, триесет години по Самитот во Солун, за Западен Балкан и нивните граѓани да знаат дека на крајот од овој долг процес навистина можат да се радуваат да станат членки на европското семејство”, изјави грчкиот премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button