ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Младите од Алијансата за Албанците палеа страници од учебникот по географија

Со палење страници од учебник по географија, активистите на младинскиот форум на Алијансата за Албанците го изразија својот револт пред Министерството за образование за навредливите содржини за Албанците.

 

„Со оглед на инертноста на ДУИ и властите за да ги променат овие текстови, решивме да направиме две работи. Прво, бидејќи имаме почит кон книгата, нема да ја оштетиме, туку ќе ги земеме фашистичките елементи во оваа книга и ќе ги запалиме, давајќи им третман каков што заслужуваат. Второ, оваа книга што ја гледате ќе биде подарок за министерката за образование и за целиот тим да ја научат историјата на албанските родови и да не ја деградираат“, рече Омер Ајдини, Младински форум на Алијанса за Албанците.

Додека активистите му ја предаваа книгата „Албански родови“ на обезбедувањето на Министерството, дојде полиција. Им биле земени податоци и им биле најавени кривични пријави.

 „Едно треба да знаете, младите Албанци во оваа земја повеќе не се плашат од институциите кои со децении ги уценуваа и заплашуваа младите. Доста веќе, овие книги треба да се отстранат“, изјави Омер Ајдини- младински Форум, Алијанса за Албанците.

Министерството за образование соопшти дека работат на новиот концепт, кој предвидува корекција на навредливите содржини во учебниците.

Министерство за образование:

„Во моментов работиме на финализирање на концептот за основно образование како прв чекор во рамките на националните реформи во образованието. По одобрувањето на овој документ, во фази ќе пристапиме кон реализација на обработка на наставните содржини. Наставните програми ќе ги пишуваат експерти од дадената област.“

Премиерот Заев зборуваше и за навредливите содржини во книгата по географија. Рече дека годинава ќе била година на промени во училишните содржини, додека во однос на повлекувањето на учебникот од употреба, додаде дека тоа е невозможно сè додека не постои нова верзија.

Вјоллца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button