ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МНР: Седуммината државјани на С Македонија кои беа во Бањска се враќаат дома со придружба на косовската полиција

Утрово се враќаат дома седуммината државјани на Северна Македонија за кои македонското Министерство за надворешни работи (МНР) вчера рече дека се наоѓаат во хотел во близина на селото Бањска на северот на Косово каде имаше вооружен напад.

Денеска од МНР, преку соопштение, велат дека по извршеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција.

Од МНР синоќа рекоа дека Амбасадата на Северна Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово, како и во директна комуникација со македонските граѓани. Косовската полиција го обезбедуваше хотелот каде беа сместени македонските државјани, а од МНР рекоа дека претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер.

Информацијата, како што рекоа од МНР, ја добиле преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button