ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мобилните лекари во Куманово не успеваат да ги посетат сите болни со ковид во домашни услови

Оваа униформа треба да ја носат околу 12 часа додека работат на терен. Нивната дневна задача е да остварат околу 130 визити во домовите на пациенти заразени со корона вирусот. Седум мобилни тимови во Куманово се обидуваат да дадат дневна терапија на пациенти со лесни симптоми кои се на домашно лекување.

„Домашната посета работи од 7 наутро до 7 навечер, но овие последниве две недели се случува да останеме на терен до 9 часот навечер. Барањата се големи и досега го даваме максимумот, но чувствуваме замор. Екипите излегуваат на терен од 9 часот, бидејќи првично прифаќаат пациенти и на терен до 3 часот се случува да не пијат вода или да јадат затоа што се заглавени со заштитна опрема.“

Но, не можејќи сите пациенти да примат терапија дома, некои доаѓаат во Здравствениот дом во Куманово, апа постои можност да заразат некој пациент кој дошол за сосема друга лекарска услуга.

 „Немавме механизам да го запреме или контролираме тоа, како што се знае, само температурата не е симптом или предупредување дека пациентот е болен со ковид. Покрај тоа, предвидовме авто-амбуланта за давање на услугите затоа што ги исполнува стандардите.“

Куманово останува црвена зона во ширењето на коронавирусот, каде бројот на заболени се зголеми двојно последниот месец. По Скопје и Тетово, овој град има над 3.500 заразени, од кои над 900 активни случаи. Од почетокот на пандемијата од Куманово починаа над 120 пациенти.

Adnan Qaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button