ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Модуларната болница во Струга узурпира приватен имот? Најавени тужби

Пациенти болни од Ковид 19 секојдневно влегуваат во модуларната болница во Струга низ влезот кој што е отворен во приватен имот.

Сопственикот вели дека узурпирани му се речиси 500 метри квадратни.

„Си имам и скици и сите други работи дека тоа е во нашиот влез. И тоа нас ни смета.Луѓето заразени одовде поминуваат.Децава не можеме да ги извадиме надвор. Починати има секој ден по двајца по тројца и ги изнесуваат од тука од пред нашиот влез. Не можеме ни прозор да отвориме ни ништо. Креветите ги вадат овде да се луфтираат од починатите“, вели Алим Цицо-жител на Струга.

„Трауматично е .Знаете каква е заразата, а ние сме овде изложени на тој ризик секој ден. Ние живееме на втори спрат,а овде нема ни две метри каде е заградено.Од втор спрат имаш преглед и гледаш секакви работи“, рече Денис Јусуфоски-жител на Струга.

„ Не е овде прикладно место да се направи, но ја направија. Се качуваат на столица и викаат. По мајка, по татко,кој е болен тука внатре во болницата“, рече Вице Стефаноски.

Поднеле барање до болницата во рок од една недела да го затворат влезот. Доколку не, планираат да ја тужат.

„Претходно стопиравме со возило да не влегуваат, го затворивме тој дел. Но, дојдоа со полиција“, додава Алим Цицо-жител на Струга.

Директорот на струшката болница, Арменд Арслани вели дека проблемот треба да го решат надлежните институции и дека тој ја затекнал модуларната болница во таква состојба.

Инаку Алсат пред неколку дена објави дека, иако беше готова уште во јануари, модуларната болница во употреба беше пуштена на крајот на април. Претходниот директор, Мухамед Асани, не го потпишал решението за нејзин прием поради, како што рече – помали недостатоци. Во болницата немало ни апарати за гаснење на пожари, па, сегашниот директор вели дека биле донесени од други оддели, а во тек била набавка и на нови вакви апарати.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button